Azərbaycan dili Bahasa Indonesia Bosanski Català Čeština Dansk Deutsch Eesti English Español Français Galego Hrvatski Italiano Latviešu Lietuvių Magyar Malti Mакедонски Nederlands Norsk Polski Português Português BR Românã Slovenčina Srpski Suomi Svenska Tiếng Việt Türkçe Ελληνικά Български Русский Українська Հայերեն ქართული ენა 中文

Ако се чувствуваш како професионален играч на Sokker, претплати се на Плус Запомни дека како претплатник, добиваш пристап до многу додатни опции кои ја прават играта пософистицирана и поинтересна...и поддршката за Sokker значи понатамошна егзистенција и развој.

Што добивате?

Амблем, книга на гости и клупски магазин

Ниту еден професионален клуб не може да постои без својот амблем. Амблемот ќе биде видлив за сите гости кои ќе те посетат. Гостите исто така можат да остават свој коментар во книгата на гости. Освен тоа, ќе имаш можност да внесуваш изјави за јавноста во поглед на последните настани од Вашиот клупски магазин.

Дресови

Играчи ќе добијат можност да облечат дресови дизајнирани од врвните спортски производители :) Ќе имаш можност да ги менуваш боите на маиците и шорцевите во два комплета, основен и додатен (во случај твојот противник да има слична комбинација и да е домаќин).

Следење на тренингот

Ќе добиеш можност да ги следиш сите промени во вештините на играчите, вредноста и формата. Промените ќе бидат означени со зелена и црвена боја на листата на играчи и поединечно на страната со опис на секој играч поединечно.

Графикони

За секој играч кој се наоѓа во екипата подолго од една недела ќе добиеш графикон со сите промени на неговите вештини, вредност и форма, со податоци за последните најмногу десет недели.

Датотека

е листа на кратенки до играчи и екипи кои ти ќе ги означиш. Може да додадеш играч за кој ќе добиеш преглед на неговите настапи по натпревари, како и известување кога тој играч ќе биде ставен на продажба. Може да ставиш и кратенки до екипите на твоите пријатели, па нема повеќе да има потреба од пребарување на сајтот за да ги добиеш нивните резултати и трансфери.

Статистики

Ќе имаш пристап до најразлични статистики од твојата лига, но и за најсилните екипи во државата, како и преглед на играчите со најдобри просечни оценки, екипи со најдобри просечни оценки, како и уште многу други статистики кои ќе бидат збогатувани со тек на времето.

Натпревари

Неограничен пристап до гледање на сите натпревари кои те интересираат. Сепак, ова нема да функционира за многу стари натпревари бидејќи тие се бришат од базата на податоци.

Пријателски лиги

Ќе добиеш можност да креираш твоја пријателска лига во која ќе можат да учествуваат сите корисници на Sokker.

И...

други бонуси.

Како да се претплатиш на Плус

Може да избереш една од следните претплати:

Плус 2 месечна претплата

цена 27 PLN

Плус 3 месечна претплата

цена 35 PLN

Плус 6 месечна претплата

цена 55 PLN

Плус годишна претплата

цена 99 PLN

Following payment methods are available:

On-line плаќање со кредитна картичка

За онлајн плаќања ги користиме DotPay сервисот (www.dotpay.pl) или PayPal (www.paypal.com), кои ја гарантираат безбедноста на трансакацијата, на пример бројот на кредитната картичка нема да биде видлив од никого (ние не го снимаме, ниту го гледаме тој број).

Банков трансфер

Ако сакаш да користиш банков трансфер, само пополни ја и прифати ја формата подолу. Потоа ќе ги добиеш сите потребни информации за плаќање преку Интернет, или можеш и да ја отпечатиш формата и да ја однесеш во својата банка. Ископирај го називот на трансакцијата, износот и валутата (PLN), IBAN бројот, SWIFT адресата и примачот.

Што би требало да знаеш?

Тие што ќе се претплатат на Плус нема да имаат никакви придобивки, на пример нема да добиваат подобри младинци. Едноставно, со Плус се добива повеќе забава. Ако не сте претплатник, имате иста шанса да ја постигнете својата цел како и тие со Плус. Претплатниците мораат да ги почитуваат правилата на Играта. Секое прекршување ќе се санкционира со одземање на екипата без можност за пренос на претплатата на друг корисник.