Azərbaycan dili Bahasa Indonesia Bosanski Català Čeština Dansk Deutsch Eesti English Español Français Galego Hrvatski Italiano Latviešu Lietuvių Magyar Malti Mакедонски Nederlands Norsk Polski Português Português BR Românã Slovenčina Srpski Suomi Svenska Tiếng Việt Türkçe Ελληνικά Български Русский Українська Հայերեն ქართული ენა 中文
2008-05-06 10:57:38
За да добиеш своја екипа, оди на менито Регистрација на главната страна на Sokker. По внесување на личните податоци и валидна e-mail адреса, ќе треба да почекаш додека ти биде доделена екипа. Ќе бидеш известен по e-mail кога работата ќе биде завршена. Сите барања индивидуално се разгледуваат и затоа може да потрае и неколку дена додека да добиеш екипа. Многу ретко може да се случи сите лиги од твојата држава да бидат пополнети, со тоа и чекањето да биде нешто подолго. Сепак, сите лиги континуирано се следат и се прошируваат кога е неопходно. Проширувањата вообичаено се вршат за време на меѓусезоната.

Екипата која ја бараш треба да биде побарана во твојата вистинска држава, освен во случај кога државата не е достапна во Sokker. Доколку потекнуваш од држава различна од таа во која живееш и сакаш да креираш екипа во друга држава, мораш да испратиш e-mail на admins@sokker.org.

Те молиме да ги почитуваш правилата за фер плеј објаснети во Точка 2. На пример, ако мислиш дека ја делиш IP адресата со друг корисник, те молиме да испратиш маил на admins@sokker.org


Организација на налогот

Твојот Sokker налог може да биде избришан поради следните причини:
- Ако не се најавуваш повеќе од 50 дена.
- Ако екипата го надминува лимитот за банкрот подолго од 14 дена.
- Ако налогот ти е блокиран поради непридржување кон правилата за фер плеј или правилата за форумите, како што е објаснето во Точка 2.

Во секој случај, ако сакаш повторно да се приклучиш кон Sokker, тоа ќе ти биде дозволено, но ќе мораш да почекаш 50 дена од твоето последно најавување.

Покани за корисници

Кога ќе го поканиш својот пријател да се приклучи на Sokker, можеш да му кажеш да го внесе твоето корисничко ID, или само да му го испратиш следниот линк:

www.sokker.org/?buddy=твое_корисничко_име

Ќе добиеш 10 дена бесплатен Плус за секој корисник кој си го поканил и кој за прв пат ќе уплати Плус!
Ако веќе имаш Плус, истиот ќе ти биде продолжен за 10 дена.
2009-10-13 11:02:25
ОПШТИ SOKKER ПРАВИЛА

Како корисник потребно е да се придржуваш до следните општи правила. Во самата игра е забрането:
• да поседуваш или да раководиш повеќе од една екипа
• да ја продадеш или предадеш екипата на друг корисник (без разлика дали се работи за нов или постоечки корисник на Sokker)
• да имаш екипа во држава која е различна од државата од која потекнуваш или во која живееш. Во случај на регистрација во друга држава или ако државата ја нема на Sokker, те молиме тоа да го објасниш со праќање порака на admins@sokker.org
• да се продаваат играчи помеѓу екипи кои користат иста IP адреса или се најавуваат од ист компјутер
• да се помагаат други екипи со понуди за играчите кои се многу над нивната реална пазарна вредност
• да се продаваат и купуваат играчи над нивната реална пазарна вредност
• да се хакираат налозите на другите корисници како и сите обиди за пронаоѓање на лозинките на другите корисници
• да се користат програми кои се опасни за Sokker
• да се прикажува материјал кој се смета за нелегален на овој фамилијарно ориентиран сајт (на пример, да се прикажува било каков расистички, фашистички или порнографски материјал, или пак нелегално да се користи било каков софтвер со што се нарушуваат неговите лиценци и авторски права) или да се предизвикуваат проблеми на компјутерите на другите корисници (на пример да се размножуваат вируси и сл.)
• да се искористуваат пронајдениет грешки во Sokker за сопствена корист (за било кој пронајден баг треба да се информираат администраторите)
• да се прекршуваат правилата на Sokker Manager на било кој начин и на било кое место

Доколку го делите истиот компјутер (или локалната мрежа) со други корисници, потребно е истото да го пријавите на admins@sokker.org. Те молиме во пораката да ги внесеш корисничките имиња и имињата на екипите, заедно со нивните идентификатори (на пример име rysio [1], екипа: Testowa [785]). Како што е кажано погоре, трансферите помеѓу корисниците кои делат исто IP се забранети.

Прекршувањето на овие правила, вклучувајќи ги и општите правила и правилата за регистрација (на пример, обид за регистрација на повеќе екипи) ќе биде санкционирано што може да доведе и до остстранување на корисникот од играта.



SOKKER ПЕРСОНАЛ И КАЗНИ

За надгледување на играта, сопствениците (развивачите) на Sokker имаат назначено Администратори на играта. Нивна задача е да ги поддржуваат другите корисници, да ги спроведуваат правилата и насоките на играта, и да обезбедат сигурно и соодветно ергистрирање на корисничките налози. На Администраторите им е дадена моќ да ги казнуваат корисниците кои ги имаат прекршено правилата на Sokker. Според нивно видување, Администраторите можат:
- финансиски да ги казнат екипите
- да му дадат на корисникот последна опомена ("жолт картон"), што значи давање на последна шанса за правилно играње на играта
- да го блокираат налогот на корисникот (вклучително и оневозможување на повторно враќање на корисникот во играта)
- било какво друго санкционирање, кое сеуште не е специфицирано.

Администраторите имаат право да ги користат или комбинираат казните во прилог на фер и коректното играње.


Администраторите имаат привилегии да:
• да не откриваат детали за нивната работа или одлуки на корисниците
• да осигураат тајност и ограничен пристап до информациите кои можат да влијаат врз корисникот чиј случај се разгледува
• рачно да го корегираат исплатениот или бараниот износ за трансфер, доколку износот е далеку од реалната пазарна вредност, или трансферот е сомнителен
• парично да го казнат или да го блокираат корисничкиот налог доколку тој ги вознемирува (спамира) другите корисници, или користи вулгарни изрази при комуникација со другите корисници, дури и во приватни пораки
• да го блокираат корисничкиот налог при било каков сомнеж за поседување на повеќе од една екипа (забелешките до Администраторите во врска со одредени најави ќе бидат поништени)
• да ги игнорираат сите барања за корекција на податоците (играчи, стадион, тренери, младинци) доколку лозинката не е прописно заштитена (на пример лозинката е делена со други, ако е сочувана во прегледувачот на јавен компјутер) или ако се работи за корисничка грешка. Другите случаи (на пример хакирање на налогот) доколку е возможно ќе бидат корегирани
• да ги побараат од корисниците нивните вистински податоци, во случај на нарушување на фер и коректното играње


Администраторите општо нема да ги превземат следните акции, со можност за интервенција во експтремни случаи:

• да се вмешаат во случај на недавање на понуда за одреден играч за договорена цена - тоа е работа на на меѓусебен договор меѓу продавачот и купувачот и не подлежи на контрола од Sokker персоналот
• да тргнат играч од трансфер листата на барање на купувачот, продавачот или било која друга личност
• да тргнат играч од трансфер листата ако истиот е ставен таму како резултат на емотивна акција на сопственикот
• да се најават на кориснички налог без корисничка дозвола (на пример, за да се отстрани расистички напис на страната на отсутен или казнет корисник)

Секој случај ќе се оценува по сопствена заслуга, земајќи ја предвид општата практика да се обезбеди фер однос. Ова може да резултира со зголемување или намалување на казната за одредени престапи, по налог на администраторот.

Да не се контактира со администраторите од сметките на другите корисници. Ако вашата сметка е блокирана, единствениот начин да се јавите на Sokker персоналот е пишување на admins@sokker.org. Во сите други случаи, ако сакате да контактирате со администраторот, ние љубезно ве молиме да не контактирате повеќе од 2 администатори. Ве молиме проверете кој е online, пратете е-sk-mail адреса за до 1 или 2 од нив, и почекајте додека SK-поштата биде прочитана.

Сите случаи неопишани во правилата, ќе бидат регулирани од страна на администраторите на играта.



Администраторите се поддржани од модераторите на форумите. Модераторите ги прегледуваат форумите за дискусии, новости, книга на гости, логоа и имиња на тимот, и сите јавни активност на корисникот за да ги задржи сите дискусии на културно и не-офанзивно ниво. Модераторот известува дека ако корисникот ги крши правилата, тој има право:
- Да даде предупредување
- Блокирање на пристап на форумот
- Да ги праша администраторите да го казнат построго корисникот (до парични казни и / или блокирање на негова сметка).

Посебните правила на форумот се достапни на Форумот , достапни преку линкот на врвот на главната страница на форумот.
2010-03-10 16:25:22
Вашиот клуб, како секој вистински фудбалски клуб има сопствен стадион, играчи, тренери и асистенти, како и младинска школа. Управување со тимот вклучува и трошоци, како што се плати, трансфери, надградби на стадионот итн. Вашиот клуб мора да биде финансиски стабилен, во спротивно ќе банкротира. Во продолжение може да најдете повеќе детали околу управувањето со тимот. Your club, as a real football club has its own football stadium, players, coaches and assistants as well as sub junior school. Managing a team involves some costs, such as salaries, transfers, stadium building works etc. Your club must maintain financial liquidity, otherwise it will go bankrupt. You will find more details concerning the team management further on.

Банкрот

Тимовите кои се пред банкрот (салдо помало од -€500k (исто со -$500k или -£300k)) ќе може да се најават во рок од 24 часа од последната најава.

Ова е за да се овозможи на сопственикот да ја поправи финансиската состојоба - продажба на играчи, отпуштање на тренери итн (до салдо поголемо од -€500k, -£300k). Ако нивнот салдо ја надмине оваа граница, ќе им биде овозможено повторно да се најават како и обично. Но, доколку салдото остане под -€500k во период од 14 дена, тимот ќе банкротира и формално како што е опишано во делот за Управување со Сметката, дел од Глава 1 погоре.
2010-03-11 01:34:09
Секој играч има 8 основни вештини. 7 од нив (Брзина, Додавање, Креативност, Одбрана, Напад и Голман) кои се подредени од трагичен до супербожествен. Издржливоста пак може да достигне до нивото силен. Колку повисоко ниво на секоја од вештините, толку подобар ќе биде играчот во одредена дисциплина.

Основни вештини

Брзина

Одредува колку е еден играч брз. Има удел во тоа колку брзо играчот трча кон топката, и брзината на движење со топката. Побрзи играчи имаат подобра шанса да избегаат од противникот, како и да го стигнат за да му ја одземат топката. Додатно голманите со повисоко ниво на оваа вештина се подобри при спротивставување на напаѓачите.

Додавање

Оваа вештина ја одредува прецизноста на додавањето на играчот (со нога и со глава). Под прецизност се подразбира и правецот и силата со која е упатено додавањето, така што соиграчот би ја примил топката што полесно.

Креативност

Играчите со високо ниво на креативност побрзо ги прават одлуките на кога ја додаваат топката, воедно и одлуката кој играч е во најдобра позиција за да ја прими. Ако нивото на креативност е ниско, играчот ќе биде побавен барајќи слободен играч со што би било полесно да му се одземе топката. Повисоко ниво на креативност исто така ја зголемува способноста на играчот да додава во трк.

Одбрана

Повисоко ниво во одбрана, значи и поголема шанса да му се одземе топката на противнички играч. Ова е вештината која е најпосакуван за одбранбените играчи. Но, исто и играчите од средината како и напаѓачите, можат, благодарејќи на повисоко ниво на одбранбената вештина, да создадат шанса пресретнувајќи топка во противничката половина. Дали ќе се одземе топката зависи и од техниката на противничкиот играч. Што повисока техника, тоа поголема шанса за добар дриблинг.

Напад

Ја одредува силата и прецизноста на ударот кон гол. Играчите со високо ниво на напад ретко го промашуваат голот и нивните удари се потешки за бранење. Оваа вештина е важна за сите играчи кои може да се најдат во шанса за гол, не само за напаѓачите.

Техника

Многу од аспектите во играта зависат од техниката на играчите.
- вештина на контрола врз додавање; играч со ниско ниво на техника може да има проблем со контрола и со најлесните топки.
- брзина на дриблање; играчите со ниско ниво на техника губат значително од брзината додека се движат со топката.
- вештина на минување на одбранбен играч во еден на еден ситуација и контрола на топката при лажно движење.
- шанса за промаѓување при игра на прва.

Голман

Оваа вештина е корисна само за голманите. Ја одредува ефективноста и квалитетот на одбраните. Што повисоко ниво на вештината, тоа почесто голманите ја фаќаат топката, или пак ја исфрлаат паметно (подалеку од напаѓачите.

Издржливост

За време на натпреварот играчите се заморуваат. Кога ова ќе се случи нивните вештини опаѓаат. Единствено креативноста не се менува во текот на целиот натпревар. Степенот на замор не е директно поврзан со времето поминато на терен туку со активноста за време на натпреварот. Колку повеќе трча и учествува во играта, толку повеќе се заморува. Играчи со повисоко ниво на издржливост чуствуваат помалку замор од останатите. Исто така доколку не се тренира издржливоста со време опаѓа.

Додатни карактеристики на играчите

Форма

Одредува дали играчот ќе ги искористи вештините во целост. Играчите кои не се во форма играат полошо отколку кога се во добра форма.

Тактичка Дисциплина

Се одразува на прилагоденоста на играчот на поставената тактика. Тактичката дисциплина се базира на два подскила: Искуство и Тимска работа.

Искуство:
- Повеќе одиграни натпревари, повеќе искуство
- Активност во натпреварот
- Тип на натпревар (пријателска, компетитивна, репрезентација)
- Играчите со пониско ниво на искуство побрзо го зголемуваат отколку тие на повисоко ниво
Тимска работа:
- Претставува колку добро тренерот може ги научи играчите на одредена тактика и колку играчот може да научи во тој клуб
- Се менува за време на тренингот како и останатите вештини, независно од избраниот тип на тренинг. Растењето на оваа вештина зависи воглавно од општата вештина на главниот тренерот. Ова значи дека нивото на тимска работа може да опадне ако го замените главниот тренер со послаб.
- Зависи од времето одиграно во текот на неделата исто како и останатите вештини
- Помошните тренери помагаат во зголемувањето на нивото на тимска работа, но нивното влијание помало во однос на другите вештини
- Кај постарите играчи вептината расте и опаѓа побавно (поотпорни се на промена)
- После секој трансфер, нивото на тимската работа кај купениот играч паѓа на најниско ниво

Талент

Скриена способност на играчот да ги подобрува своите вештини. Ја одредува ефикасноста на тренингот во првиот тим и во јуниорската школа.

Возраст

По секоја сезона вашите играчи ќе остарат за една година. Помладите играчи побрзо напредуваат во своите вештини. Како играчот наближива кон својата 30та година, неговите вештини постепено опаѓаат. Колку постар играч толку побрзо опаѓаат вештините.

Вредност

Приближна вредност на играчот зависна од неговите вештини. Оваа вредност не ја претставува и пазарната вредност на играчот.

Доход

Одреден со договорената неделна плата, исто така зависи од вештините на играчот. На почетокот на секоја сезона договорите се обновуваат и се одредува нова плата.

Отпуштање на играчи

Ако играчот не вреди ни да се огласи на трансфер листата, можете да го отпуштите. Ако отпуштите играч тој повеќе нама да игра за вашиот тим или било кој друг тим. Ефективно ќе го напушти Sokker Светот!

Играчите кои во моментот се репрезентативци не можат да бидат отпуштени. Играчи кои не се повикани во репрезентацијата може да бидат отпуштени без разлика на нивниот квалитет.

Репрезентативци од бот тимови ќе бидат ставени на трансфер (ако имаат одиграно барем еден натпревар за репрезентацијата) во моментот пред нов корисник да го преземе тимот и добие нови играчи.
2010-03-12 01:39:18
Каде би бил еден тим без тренер? Никаде, бидејќи нема да има никаков прогрес.
Вашите тренери ги подобруваат вештините на играчите за време на тренинг сесиите и се грижат за јуниорскиот тим.


Тренирачки вештини

Секој тренер има одредено ниво на ефективност при тренирање на секоја од 8те вештини. Овие оцени се валидни само за главниот тренер, додека за останатите тренери важна е само општата вештина (види подолу). Вашиот тренер треба да има највисока оцена за вештината која имате намера да ја тренирате.

Општа вештина

Општата вештина на тренерот зависи од збирот на сите индивидуални оценки за тренирање на секоја вештина. Многу е важна за помошните тренери - што повисока општа вештина повеќе му помагаат на главниот тренер. Исто така, за јуниорската школа, треба да поставите тренер со што повисока општа вештина. Колку повисока, толку побрзо ќе напредуваат вашите јуниори. Напредокот на вештината за тимска работа зависи само од општата вештина на вашите тренери, најмногу од главниот тренер.

Доход

Генерално, што подобар тренер, тоа повисока плата. На почеток нема да можете да си дозволите сјаен тренер, освен ако не сакате да банкротирате. платата на тренерот не се преговара - останува иста во текот на целиот договор со клубот.

Возраст

Вашиот тренер е човечко суштество и во одреден момент може да реши да ја заврши својата кариера. Немојте да бидете изненадени ако вашиот тренер поднесе оставка и замине на заслужен одмор на Бермудите.

Барање на тренери

Кога ќе почнете со Sokker, вашиот клуб веќе има неколку тренери. Тие не се баш најдобри; биле зачувани во тимот поради пријателството со претходниот сопственик. Но, имаат една предност, тоа што нивните плати се ниски. Лесно може да ги отпуштите и да побарате нови.

Регрутирање

Можете да побарате тренер со помош на формата за пронаоѓање на тренер. Регрутирање на нов тренер чини пари. Колку попрецизно ги дефинирате неговите вештини толку повисока е цената. Ова мора да го платите, дури и ако пронајдениот тренер не ги задоволовува вашите критериуми.
Ќе добиете тренер со слични оцени на вештините како поставените во формата за пронаоѓање тренер. Ако сте задоволен од него може да одберете да го задржите со потпишување договор. Потпишувањето не чини ништо, но кога договорот ќе се раскине тренерот ја зема платата за последната недела. Доколку пак не сте задоволен со тренерот може едноставно да го одбиете и да побарате нов. Одбиен тренер без договор не носи трошоци.

Совет: Постави ги сите вештини во формата на ниво на бараната општа вештина кога пребаруваш за помошен или јуниорски тренер (на пр. се на просечен за просечен тренер).

Отпуштање на тренери

Како што наведовме порано отпуштањето на тренер кој сеуште нема договор е бесплатно. Но, откако ќе примите тренер, отпуштањето ќе ве чини еднонеделна плата на тренерот. Ако тренер е отпуштен тој се става на трансфер листата за тренери.

Назначување тренери

Откако ќе примите тренер во клубот, тој е додаден на вашиот персонал и може да се најде на страната за тренинг во секцијата Неназначени. Ова значи дека тренерот е вработен но сеуште не е назначен на одредена позиција во клубот. Позициите на главен, помошен или јуниорски тренер може да бидат пополнети со било кој од вработените тренери во клубот. Затоа по вработување на тренерот треба да му назначите позиција. Дозволено е да ги менувате тренерите на позициите бесплатно во било кое време. Тренер на кој не му е назначена позиција ќе продолжи да зема плата и покрај тоа што не работи ништо.

Трансфер листа на тренери

Отпуштените тренери (ако претходно биле вработени), ако сакаат да ја продолжат својата кариера, ќе бидат поставени на трансфер листа за тренери. Ако сакате да ги доведете во својот клуб ќе треба да лицитирате на нив. Парите одат директно ја тренерот, а претходниот клуб не добива ништо.

Ако аукцијата не заврши во рок од една недела (победникот на лицитацијата не го финализира договорот), аукцијата се поништува а победникот плаќа 10% од последната понуда.
2010-03-15 14:18:34
За доброто на вашиот тим и неговиот развој, вашите играчи мора да тренираат правилно. Секоја недела може да одберете една вештина која ќе се тренира на индивидуален тренинг. Повеќето типови на тренинг предусловуваат играчот да игра на избраната позиција за тренирање, во лигашкиот и/или пријателскиот/куп натпреварот.

Играч кој играл на иста позиција два пати во една недела ќе тренира подобро од играч кој играл еднаш. Слично, играч кој играл во официјален натпревар ќе тренира подобро од играч кој играл во пријателски. Ако играчот играл на две различни позиции во текот на една недела, тогаш важи позицијата од последниот натпревар. Придобивката од играње два натпревари на иста позиција во една недела е мала - играчот ќе прими скоро цел тренинг и со еден натпревар. Ако одиграат интернационален натпревар ќе примат 33% од нормалниот тренинг. Играчите не добиваат тренинг во продолженијата бидејќи се изморени.

Разликата во ефективноста на тренингот која зависи од типот на натпревар одигран е мала. Играчот кој играл на официјален натпревар ќе добие само малку повеќе тренинг од тој што играл на пријателската. Бонусот за одиграни два натпревари е уште помал.

Скриена карактеристика на секој играч е неговиот талент. Колку поталентиран е еден играч толку поефективен е тренингот за него. Со стареењето опаѓа и ефективноста, па вештините побавно напредуваат. Покрај индвидуален тренинг, играчите имаат и општ тренинг. Секој играч што настапил на натпревар во тековната недела учествува на овој тренинг. Ефективноста на општиот тренинг е далеку помала од ефективноста на индивидуалниот.

Квалитетот на индивидуалниот и општиот тренинг зависи најмногу од главниот тренер. За индивидуалниот тренинг најважна е неговата оцена за вештината која ја имате одбрано за тренинг во тековната недела; неговата општа вештина не влијае на тренингот. Одберете главен тренер кој има висока оцена на вептината што ја тренирате. Одлучете колку вредат останатите вештини за вас, и доколку можете да си дозволите донесете подобар тренер.

Помошните тренери му помагаат на тренерот при тренингот зголемувајќи ја ефикасноста - што подобра општа вештина, тоа поефективно му помагаат на главниот тренер. Сепак, не вработувајте премногу помошни тренери. Повеќе од три може да доведат до изгубен тренинг.

Запомнете дека играч кој ќе биде заменет, ќе прими тренинг само за поминатото време на теренот. Играчот мора да игра со иста наредба (def, att итн) во двата натпревари, инаку се важи само последниот натпревар за тренингот (дури и за брзина). Единствено кога тренирате издржливост наредбата е неважна.

Тренинг издржливост

Ова е вештината која најбрзо напредува. Сите играчи во тимот тренираат без разлика дали играле во натпревар во тековната недела. Ефективноста на тренингот е независна од годините и талентот. Но, издржливоста може да падне и кај млади играчи. Максимално ниво на издржливост кое може да се постигне е силен.

Тренинг брзина

Брзина се тренира кај сите играчи кои одиграле барем еден натпревар во неделата. За разлика од издржливоста, напредување на оваа вештина зависи од годините и талентот.

Тренинг напад

Напаѓачите (ATT наредба) тренираат најефективно, малку побавно играчите во средниот ред (MID) и во мал дел тренираат одбранбените (DEF) и голманите (GK).

Тренинг додавање

Најефективно се тренира од играчите во средина (MID), останатите позиции тренираа побавно. Ако сакате да ја зголемите ефективноста на другите позиции можете, но ќе се намали ефективноста на тренирање кај играчите во средина.

Тренинг креативност

Креативноста е слична со додавањето. Играчите во средина најмногу профитираат. Ако сакате да ја зголемите ефективноста на другите позиции можете, но ќе се намали ефективноста на тренирање кај играчите во средина.

Тренинг одбрана

Можете да одберете која позиција да тренира одбрана најефективно (ATT, MID и DEF). Останатите позиции тренираат побавно.

Тренинг техника

Исто како и одбрана најинтезивно се тренира од играчите на одбраната позиција.

Тренинг голман

Само голманите (GK) кои настапиле на натпревар во текот на неделата учествуваат во овој тренинг.

Тактичка Дисциплина

Тактичката Дисциплина расте/опаѓа независно од тренингот на останатите вештини. Искуството зависи од одиграни натпревари, активност во натпреварите, и типот на натреварот. Играчите со пониско ниво побрзо напредуваат во однос на тие со повисоко ниво. Тимска работа претставува колку успешно тренерот може да им ја наметне тактиката на играчите и зависи примарно од главниот тренер и неговата општа вештина. Тимската работа зависи од времето одиграно со тимот во текот на една недела. Кај постарите играчи опаѓа побавно бидејќи се поотпорни на промени. После секој трансфер, тимската работа на играчот паѓа на најниско ниво.
Вашиот клуб има младинска школа. Тука се тренираат надежите на клубот. Јуниорите се млади играчи без доволно искуство за играње во првиот тим.

Потребно е да назначите младински тренер за јуниорите да напредуваат. Неговата општа вептина одредува колку брзо ќе напредуваат. Исто така тренерот ќе одлучи кога играчот е спремен за првиот тим.

За вашата школа треба да наведете број на места, т.е. максимумот на играчи кои ќе се тренираат. Секоја недела нови играчи ќе се приклучуваат на школата доколку има празни места. Доколку има повеќе кандидати од слободни места, некои ќе бидат одбиени, но нема да знает кои, можеби идни ѕвезди или пак неталентирани дрва.

Јуниорите влегуваат во школата со најразлични вештини, но нивниот талент и општата вештина на младинскиот тренер определуваат колку брзо ќе напредуваат и дали ќе вредат откако ќе излезат од школата. Кога младинецот е спремен за првиот тим, може да го промовирате и да ги видите вештините кои ги поседува.
2010-03-15 20:36:53
Еден од основните начини да се дојде до нов играч во Sokker е да се купи од друг клуб. Трансфер пазарот работи како аукција. Напомена: не може да се постави почетна цена 0 кога се продава играч - мора да поставите барем 4 за да може да го поставите за продажба.

Поставувањето Placing a player up for sale involves a transfer fee that is a fraction of the starting price. After the transfer, the seller has to pay tax of 4% on the received price. If the player is not originally from your team and is aged 23 or under, then a further 5% of the received price will go to his original club.

After being placed up for sale, the player remains on the transfer list for two days unless he is withdrawn by his employer. Players can only be withdrawn whilst no bids are placed. When the bidding expires, the player will move to the club that offers the most money for him. After bidding, the player remains in his previous club until he is brought in by his new employer or is sent out by his former club owner. At that moment, the transaction is complete.

If the buyer does not bring the player in and the seller does not send the player away, it will be possible to cancel the transfer. To do this, if both individuals wait one week after the bidding has finished, the transfer will be cancelled automatically, and both users will have to pay 10% of the final bidding price to do this.

Daytrading

Sokker includes rules designed to limit daytrading of players. Every single player could refuse the proposal of being auctioned by their team.

The chance that a player will refuse being auctioned will depend on:
- the number of matches played for the club - the less he played, the higher the chance of refusal
- the number of players put up for sale by the team within the past 2 weeks
- form of the player - the lower the form, the chances of his rejecting the transfer increase (lower affect)
- mood of the supporters - the worse, the more likely that player will agree to a move (lower affect)

The daytrading regulations exclude all players from your initial squad and youth school.

You should remember the fair-play rules listed at the beginning in regards to transfers.
2010-03-21 00:57:41
Секој тим има стадион со осум трибини отворени за изградба на места за следење на натпреварите. Трибините може да се прошируваат и рушат, во зависност од вашиот буџет. За да дознаете колку чини одредено проширување на стадионот, одете на Стадион менито и внесете го бројот на седишта кој сакате да го достигнете. Запоменте дека цената на новите седишта расте со нивниот број. Може да е поевтино да изградите две помали трибини отколку една поголема.

Трибини

Има четири типа на трибини. Секој тип ја одредува и цената на билетот и бројот на публика. Некои од вашите фанови може да не дојдат на натпреварот доколку не им обезбедите задоволувачко место за следење на натпреварот - соодветна трибина. Навивачите ги одбираат најефтините трибини од тие што им одговараат. Сепак, гледач за кој нема место на посакуваната трибина може да купи и поскап билет.
На секоја трибина може да се изгради покрив за посетеноста да не зависи од временските услови.
За време на надградба, трибината е затворена и само мал број на фанови може да го следат натпреварот на неа.
Времето на изградба е предвидување на градежниците и може да варира во однос на предвидената дата.

Типови на трибини:

- Трева (стоење): Нема изградена трибина и само 100 гледачи може да стојат покрај теренот.
- Тераси: Трибина направена од бетон. Втора најевтина трибина. Но, постојат ограничувања наметнати од ФФМ и вашиот стадион не смее да биде изграден само од тераси.
- Клупи: Најевтина трибина со места за седење.
- Седишта: Поскапа и луксузна трибина. Седиштата се поскапи од клупите, но можете да очекувате поголема посетеност.
2010-03-21 01:07:37
Сњкој клуб има свои верни фанови кои се спремни да го подржат својот омилен тим. Најфантичните од нив се претплатени навивачи (нивниот број може да го видите во Канцеларијата). Независно од големината на навивачката група, за секој натпревар има и додатни гледачи, во зависност од времето, бројот на навивачи и расположението на навивачката група на гостинскиот тим.

Тековното расположение на навивачите може да се во Канцеларија менито.
Има различни групи на навивачи, некои од нив нема да присуствуваат на натпревар доколку не им обезбедите најдобри можни услови на стадионот. На пример, некои од ниво може да не се појават доколку нема покриени седишта.

Секоја седмица големината на навивачката група се ажурира. Големината на навивачката група кои ќе се зачленат зависи од:

- Лигата во која настапува клубот
- Лигашкиот престиж
- Рангирањето на противникот

Квалификациските натпревари има поголемо влијание на расположението на навивачите отколку лигашките.
2010-03-25 18:16:14
Натпреварите се играат според фудбалските правила.

Избор на постава

За секој натпревар треба да одберете 11 играчи и 5 измени на клупата. Играчи со повреда подолга од 7 дена не можат да играат на натпреварот. Недоизлечените играчи (означени со повреда под 7 дена, или лесна повреда) може да играат но со намален капацитет. Играч кој има добиено 3 жолти или црвен картон е казнет со еден официјален натпревар неиграње (има црвен картон покрај името). Играчите кои не ги исполнуваат условите за настап нема да играат дури и да ги изберете во поставата за натпреварот.

За секој играч треба да изберете позиција:
GK - голманот
DEF - одбранбен играч
MID - играч од средината
ATT - напаѓач

Оваа наредба одредува како играчот ќе се однесува на тренерот (на пр. одбранбените играчи се обидуваат да ја одземат топката и исфрлат од опасност наместо да дриблаат и со тоа да го доведат тимот во неволја ако ја загубат топката). Секоја позиција има и максимум играчи кои може да бидат поставени. Тие се: 1 за GK, 5 за DEF, 5 за MID и 3 за ATT. Ако повеќе играчи од максимумот играат на една позиција (на пр. 6 DEF) или не наместите постава ќе го загубите тренингот освен ако не тренирате издржливост.

Прочитајте го поглавјето ‘Тренинг’ за дознаете како тренира секоја позиција.

Ако некој тим излезе на терен со помалку од 10 играчи или ја избришете тактиката одбрана за натреварот, противничкиот тим ќе го добие натпреварот службено. Фудбалерите на противничкиот тим ќе тренираат исто како да одиграле регуларен натпревар без замени.

Замени

За време на натпреварот може да се појави потреба од замена на еден играч со друг поради повреда. Во таков момент играчот највисоко на листата на замени за соодветната позиција влегува во игра.

Покрај поставата, може да наместите и наредби за натпреварот. За да се изврши замена, потребно е да ја поставите минутата и да одберете кои услови треба да се исполнети за да се изврши. Можете да поставите изведувач на пенал и слободен удар (во противничката половина). Не можете пак, да одберете кој играч ќе ги изведува корнерите.

За условните наредби излистани подолу, поставената минута значи во која минута од натпреварот ќе почне да се проверува бараниот услов за да се изврши измената ( на пр. ако поставите во првата минута, измената може да се изврши и во 89та доколку тогаш се исполни бараниот услов):

* играчот има жолт картон
* Црвен картон или нема играч на позицијата
* Играчот е лесно повреден

Белешка:
Ако не поставите изведувач на слободен удар, тој ќе биде изведен од најблискиот играч.

Службено добиен натпревар

Еден тим службено ќе го добие натпреварот доколку:

- Противникот извади постава со помалку од 10 играчи (5:0),
- Поставената тактика е во меѓувреме избришана од уредувачот на тактики, а не избрана нова (5:0),
- Ако и двата тима немаат регуларна постава ќе се случи следново:
* 0:0 - ако се работи за лигашки натпревар,
* 1:0 - за куп натпревар.

Пренос на натпреварот

За секој натпревар може да следите ТВ пренос, да видите каков вашите играчи играат и како работи вашата тактика.
За навигација може да ги користите копчињата:
- [Home], прикажување на имињата на играчите on / off
- [Space], панелот со копчиња on / off
- [left][right] стрелки, успорување / забрзување на снимката, ако е во живо не може да се менува
- [down] стрелка надолу, пауза
- [alt] + [F4], исклучете го преносот

Финални статистики

По натпреварот достапни се статистики за двата тима:
- посед, задржување на топката од моментот на освојување до моментот на губење. Слободните удари не се сметаат.
- Игра на одредена половина од теренот, времето кое топката го поминала на соодветната половина. Ако вашиот тим има повеќе од 50%, не е за фалење, значи дека играчите повеќе се бранеле отколку што напаѓале.
- удари кон гол
- фаули
- картони
- ефикасност на удари, додавања и одбрана, пресметани како средна врдно од оцените за индивидуалните движења на сите играчи (на пр. одбранбен играч ја одзема или се обидува да ја одземе топката, при тоа неговата оценка за одбрана се зема во предвид). Колку ќе допринесе зависи од неговата вештина во одбрана, тековната форма и дали бил успешен обидот. И најдобрите играчи понекогаш ја промашуваат топката.
Запомнете дека се работи за просечните индивидуални перформанси и за овие оцени не се зема во предвид како вашите играчи играле како тим. Тоа зависи од вас, посебно од одбраната тактика.

Индивидуални оцени за играчите по одиграниот натпревар

Со кликнување на индивидуални оценки, во извештајот од натпреварот, можете да видите табела со оценки и статистики за сите играчи кои настапиле. Во колоните е прикажано следново:
- Оцена: општа оценка за играчот, зависна од севкупната изведба.Што повеќе шанси добие играчот да ја искористи предноста на своите вештини тоа повисока оцена ќе добие. Оцената зависи од позицијата; различни фактори се земаат во предвид, на пр. за напаѓачите најважно квалитето на нивните удари кон гол (ако воопшто имал шанси). Формата на играчот ја одредува искористеноста на вештините, па влијае и врз оцената.
- Време поминато на теренот
- Број на удари кон голот
- Фаули
- Нап. - процент на напаѓачки акции - време од играта во кое играчот се движи со топката, додава, дрибла.
- Одб. - процент на одбранбени акции, време кога играчот го напаѓа или брка противникот кој ја има топката. Напомена дека овој фактор немора да е највисок за одбранбените играчи - за тимови кои напаѓаат цело време, најактивни играчи се во средината и напаѓачите.

Коментаторски извештај

Преглед на најважните случувања на теренот, како:
- Голови.
- Удар во гредата, стативата или мало промашување.
- Удари со кои голманот има потешкотии.
- Жолти и црвени картони.
- Замени.
- Пенали.
Лигашко натпреварување

Лигашкиот систем во секоја земја е поделен на дивизии, содржејќи број на тимови кој зависи од нивото на дивизијата. На највисоко ниво, секогаш има една лига - најважната и најпрестижната во дадената земја. Секоја лига подолу има 4 пати повеќе лиги од претходното ниво, значи:

Дивизија 1: 1 лига,
Дивизија 2: 4 лиги,
Дивизија 3: 16 лиги,
Дивизија 4: 64 лиги,
итн.

Секоја лига се состои од 8 тима, кои играат 2 пати еден против друг, соодветно играјќи вкупно 14 натпревари во една сезона. Поените се освојуваат исто како и во вистинските лиги; 3 за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз. Табелата се сортира по следниот редослед::
- поени
- гол разлика
- постигнати голови
- позиција во лигата минатата сезона

На крајот од сезоната, победникот на лигата од највисоката дивизија е државен шампион.

Промоција и испаѓање

Најдобрите 25% од победниците на лигите се промовираат директно во дивизија погоре. Ова значи дека 25% од најлошите тимови во една дивизија испаѓаат директно (не секогаш осморангираниот во една лига ќе испадне директно). Останатите победници играат бараж со соодветните тимови од дивизијата погоре пласирани од 5-8 место во сопствените лиги.

Паровите во баражот се одредуваат според поените и гол разликата, така што најслабите тимови од повисокото ниво играат со најсилните предизвикувачи. Во случај на нерешен резултат се играат продолженија и по потреба пенали. Домаќин на натпреварот е тимот од повисоката дивизија.

Куп

Националните купови започнуваат пред првото коло од новата сезона. Бројот на тимови кои играат во купот е најголемиот можен степен на 2. Така, во земја со 3 дивизии (21 лига, 168 тимови) бројот на учесници во купот е 128, што би значело дека тимовите кои се квалификувале се: цела прва и втора дивизија, сите тимови од 1-5 место во 3та дивизија и најдобрите 8 6то пласирани.

Во секое коло од купот, тимовите се делат во два барабани според нивниот ранг од претходната сезона, така што во првиот барабан се наоѓаат тимовите од "посилната" половина, а во вториот "послабата". После ова паровите се одбираат по случаен избор - односно било кој тим од првиот барабан може да игра со било кој тим од вториот барабан.

Се игра еден натпревар на терен на послабиот тим. Натпреварите се играат според куп системот, со продолженија и пенали доколку е потребно.

Пријателски

Тимовите кои не настапуваат во купот имаат отворен термин во средината на неделата. Може да се приклучат на пријатеска лига (доколку има) или да закажат пријателски натпревар со друг тим. Прито може да одберат лига или куп тип на натпревар (без или со продолженија и пенали). Ако сакате да предизвикате тим на пријателски натпревар одете на календарот со натпревари на тимот. Доколку се слободни во терминот ќе има линк преку кој може да испратите покана.

Пријателски лиги

Само претплатниците на Plus услугата може да започнат пријателска лига; но, секој менаџер може да се приклучи на постоечка лига.
Основачот на лигата може да креира најмногу една пријателска лига. Апликацијата за основање пријателски лиги моѓе да се најдев во Пријателски делот од секцијата Канцеларија.
Основачот мора да ги утврди следните работи:
- кога започнува лигата
- кои од регистрираните тимови ќе играат и дали ќе има реванш натпревари


Основачот не смее да се откаже од сопствената лига, не може да ја избрише едноставно.

Во моментите кога лигата се креира, тимовите може да се регистрираат. Основачот кани тимови кои ги одбира за својата лига. Кога е задоволен со бројот на пријавени тимови може да го одобри почетокот на лигата во следниот слободен термин.
Лигата може да се одобри под следните услови:
- Бројот на тимови е парен, не помал од 4 и не поголем од дадениот максимален број на тимови кој зависи од бројот на преостанати недели до крајот на сезоната.
- Сите тимови селектирани во лигата немаат веќе закажан пријателски или куп натпревар.

Лигата која е одобрена да помеѓу четврток и недела, ќе започне следната среда, а распоредот ќе биде определен во понеделник. Помеѓу понеделник и среда, може да креирате нова лига или да се приклучите на неактивна, но не можете да ја одобрите/активирате вашата лига.

Статусот на лига која била одобрена останува непроменет. Може да биде активирана во следните недели или да остане неактивна засекогаш.

Пријателска лига која завршила станува неактива повторно, за да може да поканите нови тимови и да започнете нов циклус.
Во зависност од денот во неделата, различни ажурирања се случуваат:

Секој ден

- Медицински проверки на повредени играчи.
- Преглед на изградба на стадионите.
- Вредноста на играчите се ажурира.
- Временската прогноза за тековниот ден се објавува.

Сабота

- Ден за исплаќање на платите и стадионските трошоци.
- Избор на младинци за младинските школи.
- Неделни трансфери на пари од спонзорите се префрлаат на сметката на клубот.

Недела

- Ажурирање на вештините на постари играчи.
- Одигрување на лигашки натпревари.

Понеделник

- Одредување на распоред за одобрени пријателски лиги.
- Навивачките клубови го ажурираат бројот на претплатници.
- Формата на играчите се ажурира.
- Лигашките табели се ажурираат.

Вторник

- Натпревари од младинските лиги.

Среда

- Информации за предложени пријателски натпревари се бришат, пријателските натпревари може да се закажат до среда.
- Пријателски/Куп натпреварите се одигруваат.

Четврток

- Ждрепка за следното коло од купот (Освен ако купот не е веќе завршен).
- Ажурирање на табелата и статусот на пријателските лиги.
- Младинците тренираат, вклучувајќи ги играчите кои се спремни за промоција таа недела.
- Играчите тренираат и нивната форма се ажурира.

Петок

Ништо вредно за вашето внимание не се случува во петок.
Секоја земја во Sokker има своја репрезентација, откако ќе ја одиграат првата сезона во играта. Играчи повикани во репрезентацијата од избраниот селектор може да бидат само од земјата за која играат. Секој може да ги гледа репрезентативните натпревари, без разлика дали имате Plus или не.

Избори за селектор

Секој може да се пријави за селектор на националниот тим на било која земја. Селекторите се избираат демократски на крајот на секоја сезона. Селекторот не може да ги види вештините на играчите, освен ако не е сопственик на играчите или пак се објавени на трансфер листа.

Играчи

Во моментов нема ограничување на бројот на играчи во националниот тим.
Играчи од националниот тим не можат да се отпуштат.
Играчите од репрезентацијата се заштитени и во случај ако нивниот тим стане "бот". Доколку се членови на репрезентацијата во моментот и настапиле на барем еден меч, ќе бидат ставени на трансфер листа кога "бот" тимот ќе биде заменет.

Натпревари

Пријателски

Пријателски натпревари се играат секоја недела, освен ако нема официјален натпревар од светското првенство. Останува на селекторите да договорат пријателски натпревар, исто како и обичните менаџери на Соккер. Селекторот може да повика играчи од соодветната националност и да ги употреби како сака.

Квалификации за светското првенство

Сите тимови учествуваат. Тимовите се делат во шешири според нивниот тековен ранкинг. Тимовите од 1-7 одат во првиот шешир, тимовите од 8-14 одат во вториот итн. Тимовите од првиот шешир се носители на групите итн.

Квалификациските натпревари не се играат секоја недела, па може да се играат пријателски натпревари.

Светско првенство

Само најдобрите 32 тима се квалификуваат за финалниот турнир, според:
1. Конечен изглед на табелата во групата
2. Освоени поени
3. Постигнати голови
4. Примени голови
5. Број на победи
6. Тековен ранкинг


На финалниот турнир тимовите се делат во 8 групи по 4 тима, според резултатите од квалификациите, највисоко пласираните 8 тима одат во првиот шешир, потоа наредните 8 во вториот итн.
Во оваа глава, ќе најдете кратки упатства за менијата за одредени теми од правилата.

Корисничко мени - десната рамка

На вашата десна страна имате лента со 9 икони со линкови до најважните места за вашиот клуб:

- Вести - линк до почетната страна каде се објавуваат вести поврзани со играта
- Клупска страна - те носи на главната страна на твојот клуб, тука имаш пристап до лигашката табела како и до личниот профил каде можеш да менуваш податоци од типот на корисничко има, лозинка, e-mail адреса итн.
- Играчи - листа на играчите на вашиот клуб, тука може да ги видите сите информации потребни за избор на постава. Може да пристапите на личната страна на играчот каде имате пристап до подетални информации, како и акции за продажба, отпуштање на играчот итн.
- Натпревари - листа на последните натпревари, и листа на натпревари што следуваат
- Тренинг - овде управувате со тренерите на вашиот тим. Имате пристап до личната страна на тренерот каде може да ги видите неговите вештини, да го потпишете или отпуштите. На тренинг страната исто така го одбирате тренингот и позицијата која ќе тренира.
- Финансии - тука може да ги видите уплатите и исплатите на вачиот клуб за тековната и претхондата недела и да го мониторирате салдото на вашата сметка.
- Стадион - на оваа страна може да го видите вашиот стадион и да направите проценка за негова надградба.
- Канцеларија - во канцеларијата ќе најдете дополнителни информации за клубот, извештаи за случувањата, и ситуацијата со навивачкиот клуб и неговите членови. Можете да ги следите и тековните трансфери поврзани со клубот. Дополнително ќе најдете корисни линкови до други важни страни.
+ Јуниори - управувајте со вашата јуниорска школа, одредете максимум на учесници, и промовирајте ги тие што се спремни да се приклучат на клубот.
+ Пријателски - информации за пријатески натпревари и лиги
+ Медиуми - направете дресови, клупско лого, објавете прес (опција овозможена само за Plus корисници).
+ Актовка - овде ќе најдете листа на надгледувани играчи и тимови (опција овозможена само за Plus корисници).
+ Пошта - испратете интерни Sokker пораки до останатите Sokker менаџер.

Главно мени - лева рамка

Во ова мени се наоѓаат главните линкови за вашата земја и Sokker:
- Земја - главна страна за вашата земја, сите основни информации, прелистување на официјални и пријателски лиги. Тука имате пристап и до додатни страни:
+ Региони - листа на региони за дадената земја
+ Статистика (опција овозможена само за Plus корисници)
+ Настани - листа на дневни настани во земјата
- Барај - прелистувач на играли, корисници и клубови
- Трансфери - прелистувач на играчи поставени на трансфер листа
- Форум - овде имате пристап до форумите, каде може да дискутирате со останатите менаџери. Ако има бројки од типот (+x / +y) до името на форумот значи дека има x непрочитани коментари во y теми. Запомнете да ги почитувате правилата на форумот.
- Правила - линк до правилата кои ги читате сега :).
- Плус - овде може да ги видите предностите на поседување Плус и да се претплатите на него.

Менување на поставата

На листата со натпревари може да го најдете линкот Постава до неодиграните натпревари. Ќе ве однесе до страна на која може да ги изберете играчите за дадениот натпревар, да ги поставите нивните наредби и да ја одберете тактиката. Приказот на тактиката ја дава просечната позиција на играчите и може дасе разликува од едиторот за тактики. Поставете ги играчите на позициите, одберете тактика и кликнете Зачувај. Ќе ја видите страната со поставената тактика повторно. За да бидете сигурни влезете повторно на едиторот за постава и проверете. Некои прелистувачи генерираат грешки.

Менување на наредбите за натпреварот

При влез на листата со натпревари, може да најдете линк Наредби до секој неодигран натпревар. Ве носи на страната каде може да ги одберете играчите и да ги поставите нивните наредби со избрана тактика. Приказот на тактиката ја дава просечната позиција на играчите и може дасе разликува од едиторот за тактики. Одберете ги вашите 16 играчи (први 11 и 5 замени) со избирање на нивните имиња на позициите од 1 до 16. Бидете сигурни дека немате повеќе од 1 GK, 5 DEF, 5 MID и 3 STR. Потоа одберете тактика и кликнете зачувај. Ќе ја видите страната со поставената тактика повторно. За да бидете сигурни влезете повторно на едиторот за постава и проверете. Некои прелистувачи генерираат грешки.

Менување на тактиката

Едиторот на тактики може да го најдете во Тренинг делот, или пак преку страната за менување на постава. Може да ги менувате само сопствените тактики, доколку немате може да ископирате една од веќе постоечките. За да го направите ова одберете Креирај нова тактика базирана на: од листата одбрете на која постоечка тактика сакате да се базира новата. Одберете име за да може лесно да ја препознаете подоцна. По клик на Креирај тактиката ќе се појави на листата од тактики. Над едиторот за тактики е прикажано името на тактиката која ја менувате.

Одберете ја тактиката која сакате да ја менувате. Ќе се појави на фудбалскиот терен десно. За да ја промените, повлечете ја топката на центарот од игралиштето со вашето глувче држејќи го левото копче. Ќе видите како се движат по теренот во однос на топката. Во зависност од нивната брзина и кондиција ќе се движат исто и на натпреварите. За да ја промените тактиката едноставно поставете ја топката на одредена позиција (квадратче) на теренот и прераспоредете ги играчита по ваша желба. Обратете внимание дали вашите играчи ги менуваат позициите течно кога ја движите топката. Лошо креирани тактики може да ги спречат вашите играчи да дојдат до посакуваната позиција на време па вашата тактика да биде бескорисна.
Вие одредувате каков ќе биде стилот на игра, дали да поставите играчи на крилата, или да нападнете по центарот, до каде ќе се движат одбранбените фудбалери. Имате милиони комбинации на располагање.

На страната за поставување тактика се креира приказ на одбраната тактика. Нека не ве изненадува ако изгледа различно од едиторот за тактики, бидејќи се зема просечната позиција на секоја играч.
Програми или скрипти, и како самостојни апликации и како додатоци за прелистувач, кои

- Процесираат или ги преуредуваат податоците добиени од Sokker
- Го менуваат интерфејсот или начинот на употреба на Sokker
- Овозможуваат нова или ги менуваат веќе постоечките функционалности на Sokker се секако добредојдени на Sokker бидејќи тие најчесто го подобруваат искуството на корисниците со играта.

Сепак, ако се утврди дека некои од карактеристиките на овие програми или скрипти се штетни за играта (на пр. спамирање, пад на приходот од рекламите, создаваат густ сообраќај на Sokker), креаторите и администраторите на Sokker може да:

- Забранат објавување и дискусија за програмот на Sokker форумите.
- Ја забранат употребата на такви програми и ги казнат корисниците.
- Покренат обвинение против авторот на штетниот програм, доколку е изводливо.

Единствен одобрен и овозможен метод за прибирање податоци од Sokker е преку XML лоциран на http://online.sokker.org/xmlinfo.php.
Ова големо множество на податоци кои се овозможени за алатки кои го подобруваат искуството со Sokker.

Дозволено е да се употребува трет софтвер кој ја манипулира содржината прикажана од прелистувачот, ако се согласува со правилата спомнати погоре и не ја уништува играта. Sokker не го надгледува развојот на такви алатки, па може да имаат грешки кои ќе ви пречат при прелистувањето. Ако искусите вакви проблеми секогаш прво исклучете ги додатоците за прелистувачот пред да ни пратите Извештај за грешка. Ако проблемот е поврзан со некој додаток, известете го директно креаторот на додатокот на соодветниот форум.

Редослед на вештиини

0. tragic
1. hopeless
2. unsatisfactory
3. poor
4. weak
5. average
6. adequate
7. good
8. solid
9. very good
10. excellent
11. formidable
12. outstanding
13. incredible
14. brilliant
15. magical
16. unearthly
17. divine
17+. superdivine (вештината на играчот е на највисоко ниво)

Расположение на навивачи

1. are furious
2. are losing hope
3. are depressed
4. believe in their club
5. are satisfied
6. are delighted with their club`s performance
7. are madly in love with their club

Supporters expectations

1. Totally outclassed here. Even your stars will be happy to get an opponent players autograph.
2. Your supporters hope the team won`t bring them too much shame in this match.
3. Supporters think the opponent is better, but with a little luck you could spring a surprise.
4. This match is expected by supporters to be a tough and even game, with slight advantage to opponent team.
5. This match is expected to be a tough and even game by your supporters.
6. This match is expected by supporters to be a tough and even game, with slight advantage to your team.
7. Rival is respectable by your supporters, but they expect a win.
8. Your supporters are sure of an easy win in this match.
9. Supporters come to eat popcorn, relax and watch a festival of goals from your team.

Неделни трошоци за одржување на стадионот (1 место):0.75 $
Неделни трошоци за едно место во младинскиот камп:1 000.00 $
Каматна стапка во случај на долг:4.5%
Највисок долг:-250 000 $
Лимит за банкрот:-500 000 $
Цена на навивачка карта (сезонска):125.00 $

Цена на билети (заокружена)

Стоење покрај линија позади гол
Места за стоење 2.00 $ 2.00 $
Покриени места за стоење 2.00 $ 2.00 $
Тераси 4.00 $ 4.00 $
Покриени тераси 5.00 $ 5.00 $
Клупи 6.25 $ 6.25 $
Покриени клупи 7.50 $ 6.25 $
Седишта 7.50 $ 6.25 $
Покриени седишта 8.75 $ 7.50 $