Azərbaycan dili Bahasa Indonesia Bosanski Català Čeština Dansk Deutsch Eesti English Español Français Galego Hrvatski Italiano Latviešu Lietuvių Magyar Malti Mакедонски Nederlands Norsk Polski Português Português BR Românã Slovenčina Srpski Suomi Svenska Tiếng Việt Türkçe Ελληνικά Български Русский Українська Հայերեն ქართული ენა 中文
Subpage under development, new version coming soon!

Subject: Репрезентација!!!!!

  • 1
2007-03-19 00:05:35
Драги мои соккерџии и уште подраги соккерџики!!!


Прво најискрено да му заблагодарам на првиот селектор на Македонската фудбалска соккер репрезентација, Братот Букефал, човекот кој ни ги донесе првите репрезентативни радости, човекот кој прв и сам почна да гази по трнливиот пат наречен Македонска соккер репрезентација! ТИ БЛАГОДАРАМ БРАТУ!
Да не тупам околу формалностите и благодарењата околу вашиот глас за мој избор за селектор. Тоа се подразбира! :)

Вака.

Од прилика на сите ни е сосема јасно каде моментно ни е местото на соккер. Затоа ни претстои макотрпна работа за да достигнеме некое ниво. Колку ќе постигнеме зависи од сите нас заедно.

1. Координираност меѓу нас.
2. Понекоја жртва за репрезентацијата на сметка на сопствениот клуб.
3. Поделба на задачите (Не и на одговорноста. Сите успеси се Ваши, сите неуспеси се само мои).

Имам намера да оформам млада репрезентација, која во следните циклуси на натпреварување на светот ќе му го покаже своето вистинско лице. Значи, продолжувам по патот на Мијак-Војводата.

Костурот на репрезентацијата, 80%-90%, ќе го сочинуваат играчи од 19-21 година.
Она во што сум 100% сигурен е дека во репрезентацијата ќе играат само играчи кои заслужуваат без врски и непотизам.

Доколку скилловите им се исти или нијанси се во прашање, секогаш ќе има предност оној кој е побрз.

Да се обидам да ги формулирам првите барања до Вас.

( Целата комуникација оди на мојот приватен соккер маил).

1. Ги молам сите да пријават кој тип на главен тренинг го практикуваат во своите екипи.
2. Ги молам сите кои имаат намера да помогнат околу репрезентацијата, да се пријават.
3. Ги молам сите кои имаат репрезентативци во своите екипи да ми ги испратат скиловите на истите.

За почеток, доста е!
:)
(edited)
Драги сокерџии!

Работите стојат вака.
Како што претпоставувам знаете, главен проблем ни е брзината и кондицијата. Мораме малку да поработиме на тој проблем.
Имаме неколку играчи со солидни скиловиза неколку позиции во тимот, но заради немање брзина и кондиција, неможат да одговорат на поставените задачи.
Од друга страна, оние кои имаат брзина и скил за одредена позиција немаат доволен скил на додавање и техника.
Без паника!
Мораме организирано да поработиме околу решавање на овие проблеми. Сосема ми се јасни причините. Втора сезона, лутање на почеток на играта, недоволен број на квалитетни тренери и спора разработка и промашувања во јуниорските училишта.
Затоа, предлагам да составиме стручен тим за секој сегмент од играва поодделно. Тим кој ќе ја прати проблематиката и ќе има советодавна функција!
Молам за повратни мислења!
П.С. Секој кој предвреме сака да дознае како ќе играме и со кој состав ќе играме против Уругвај, слободно може дами пише на соккер маил. Во следниве 90 минути ќе бидам онлине и се надевам дка сите ѓе може да добиете квалитетен и навремен одговор. МИ требаат само 10 мин да ја подготвам информацијата!!
:)
Фала многу за енормно големиот интерес!!!
хахахахахахахахаха
Никој не се јави!
хахахахахахах
Ај со среќа нека ни е утре!
:)
(edited)
2007-03-24 01:40:26
procitaj mail
:))))
  • 1