Azərbaycan dili Bahasa Indonesia Bosanski Català Čeština Dansk Deutsch Eesti English Español Français Galego Hrvatski Italiano Latviešu Lietuvių Magyar Malti Mакедонски Nederlands Norsk Polski Português Português BR Românã Slovenčina Srpski Suomi Svenska Tiếng Việt Türkçe Ελληνικά Български Русский Українська Հայերեն ქართული ენა 中文
Subpage under development, new version coming soon!

Subject: [NT] Време е.....

  • 1
2007-05-16 23:31:15
По долго и континуирано размислување, денес донесов конечно решение! Сите играчи постари од 21 година ќе бидат исфрлени од репрезентацијата и нема да играат за Македонската фудбалска соккер репрезентација!

Причини има повеќе. Најважната е: Со играчкиот потенцијал кој во моментов го поседуваме (не би го одминал тука и моментот на техничко-тактичка стручна подготовка на првиот човек на репрезентацијата), како млада соккер нација, немаме никакви шанси за било каков успех. Ретките и случајни победи (или ако сакате , ретките и случајни голови, кои од време на време ги постигнуваме) се повеќе одраз на рандом или на случајна акција, или ако повеќе сакате на несреќните реакции на нашите противници, отколку знаење, моќ и тактички решенија на нашите играчи! Иако, моментно, тоа е најдоброто што го имаме!
Но, нема простор за паника. Ова е само 3 сезона на Мак-соккер. Одиме понатаму, со млади играчи , кои со соодветен тренинг можат да достигнат некое задоволително ниво и перформанси со кои ќе се обидуваат барем да им парираат на останатите репрезентации, а многу од нив и да победат!!!
Значи, нема мои и твои (како што немаше и досега). Сите кои имаат повеќе од 21 година излегуваат од репрезентација!!!

П.С. Наградно прашање:

Има ли некаде во светот селектор кој доброволно се деградирал од селектор на НТ - А репрезентација , во селектор на НТ - за играчи до 21 година???
:)))))))))))))))))
(edited)
Одговорот е: има. дури има некои што се селектори на двете селекции.

а што се однесува до останатото гледам само единствена работа засега го опфаќа твојот план за репрезентација а тоа е годините. дали треба да чекаме во наредниов период ние малкумината сами да создадеме играчи или има простор и за некаква организација на тренинг и сл
Немаме комплетно организиран тренинг!!! Работам на тоа! Имаме user-и кои тренираат одбрана, голмани, напад. Со средината сме најтнки.
Играчи мораме и можеме да создадеме само организирано, иако се уште прележуваме основни детски болести, што е и нормално затоа што сите сме на почеток. Уште клубовите не ни се економски доволно јаки, бркаме резултати и сл.

Главниот проблем ни е подмладувањето. Со добивање на клубот добиваме играчи кои имаат просек околу 25 години. јас имам најмлад клуб во Македонија , а просекот ми е негде околу 20.6 години по играч. Основно е да ги подмладиме клубовите за младите играчи да добијат оптимален тренинг. Втора работа е што на почетокот сите бевме како паднати од Марс, така да огромен број на квалитетни играчи беа продадени за багателни цени (Во однос на тоа колку би зеле, со само една сезона тренинг). На пример паднавме во несвест кога еден наш играш беше продаден за 100 000 000.Не знаевме што и кого стававме на ТЛ.Сега работата е малку поинаква, иако се уште ни бегаат играчи од незнаење.
Значи, не е лошо , сите да пријавиме, кој што тренира, за да можам да имам увид кај кого да препорачам играчи од ТЛ, доколку, се разбира, финансиите ни дозволат да ги задржиме најдобрите кај нас за подобар увид во тренингот и во порастот на скиловите.
Истото важи и за политиката при ангажирање на тренери.
(Јас на пример во младинската школа го имам ставено најдобриот тренер што го имам (12). Така младинците најбрзо ќе ми напредуваат. Денес извадив дете со скилл 10 во техника Важно е да се следи и на колку недели младинецот крева општ скилл).

Значи, да не гушам, простор за организација има. Фалат пари и малку поголема посветеност и следење на играчите)

И правете дејтрејдинг. На сабајле има ефтини играчи. дури и за по 20 денари. По пет неделно и по еден милион ќар, тоа се 5 милиона. Никој не зима по толку од публика!!!!
:))))))))))))))
(edited)
  • 1